ГФК Тиквеш заслужено не дозволи изненадува и убедливо победи со 5 : 0 иако можеше и поубедливо.По ова победа се наоѓа на 2 позиција на табелата. Во четвртoк се игра супер дербито со Брегалница во Штип.

На годинашново , 20-издание на  традиционалнниот  фудбалскиот турнир во Кавадари,  кое ке се одржи на 3 август-сабота, ке учествуваат екипите на ; ГФК Тиквеш,ФК Работнички и ФК Беласица.Се игра еден ден по италијански систем, секој со секој.

Деталите на прес конференција ги соопшти претседателот на Управта Миле Масларков

Фудбалерите од село Марена  одиграа одлична фудбалска престава  и заслужено победија со високи 8:0 иако можеа катастрофално  да го поразат противникот и со повисок резултат.

Претседателите и членовите на Управите на 10 второлигашки фудбалски клубови( исток) денеска во Кавадарци одржаа средба во која  ги потврдија своите ставови и единство по неколку значајни работи кои се од важно значење за клубовите.Пред се, тие  единствени  ,и на ден пред истекот на рокот за уплата,немаат намера да ја платат котизацијата на ФФМ,  која им претставува тежок финасиски намет на сите клубови од ова лига.Тие рекоа дека и членовите на Втората фудбалска лига - запад се со сличен став.Освен за ова претставникот на Управата на ФК Кожуф генералниот секретар ;Горан Јанкулов кој ја водеше прес конференцијата, од име на сите второлигаши-исток, јавно проговори и за други проблеми поврзани со ФФМ, за кои имаат искажано намера за разговор со одговорните во ФФМ.

Второлигашот од Кавадарци ГФК Тиквеш 1930 кој годинава атакува на влез во Прва фудбалска лига, ќе одигра пријателска средба со високобуџетниит второлигашот Al Bataeh Ciltural & Sport Club од Обединетите Арапски Емирати.

Се работи за екипа со која  нашата Управа и стручниот дел на Тиквеш успеа да воспостави соработка која ќе биде крунисана со пријателска средба која ке се одигра на Градскиот станион во Кавадрци во среда 11/09/2019 во 16 часот.Меѓународниот пријателски  натпревар со кој се проширува фудбалското пријателство на Тиквеш со клубови од Европа и светот, овој пат , ќе им овозможи на нашите фудбалери и на публиката да се соочат со интересен фудбал.

Неколку новини од таборот на ГФК Тиквеш 1930.

-Александар Мишов повторно во црвено белиот дрес!https://static.xx.fbcdn.net/images/emoji.php/v9/te2/1/16/270d.png?_nc_eui2=AeG7whVTwZ6SxPhJk3pnm5sv_l1KkIZcEeGDiG_3HEeY9YwNSkPrgJnQxK9vnqMT46MAmYyPH4N4Enmau3NMsFer8e1Dvniw2k1XwhTCYdYZMQ");">✍

-Антонио Илиески е  ново засилување во нашиот тим.

-Денеска во рамките на подготовките во пријателска средба во Огрид ГФК Тиквеш - Динамо Врање 1-1

Во вчерашното редовно коло на 2ФЛИ, ГФК Тиквеш  ја победи Плачковица со 3:1.Головите ги постигнаа Марјан Ростовски-2 и Ѓорѓи Мојсов   1

ГФК Тиквеш вчера попладне  ги започнаа подготовките за новата натпреварувачка фудбалска сезона.Втората фудбалска лига-исток годинава  ке има силна конкуренција за освојување на врвот, и сезона Тиквеш соодветно се подготвува.Нови играчи на  ГФК Тиквеш се Ванче Шиков-интернационалец и репрезентативец и поранешен фудбалер на Тиквеш , Лазар Пеев,Димитар Иванов и Благојче Иванов. Во клубот својот ангажман го потврдија  голем дел од фудбалерите од минатата зезона а дел најавија заминување од клубот.На првиоит тренинг на фудбалерите им се обратија  тренерот Љупчо Димитковски кој останува во Тиквеш, и претседателот на клубот Миле Масларков.На првиот трениг беа сите помошници на тренерот, лекарот и членови на управата заедно со помошниот персонал.

-Турнирот „Вуко Каров„  ке се одржи на почетот на август (3 или 4 .08)

-Подготовки во Маврово од 19 јули 2019

Ова недела се очекуваат уште тројца нови играчи. Теренот и трибините ќе се реконструираат.

 

ГФК Тиквеш планира  годинава   да воведе сезонски билети за следење на натпреварите во Втората Фудбалска лига-Исток.Првиот  сезонски билет за натпреварите на ФК ТИКВЕШ го купи градоначалникот на Општина Кававадрци- Митко Јанчев.

Сите заедно , преку купување на сезонски карти, да му помогнеме на нашиот клуб а во исто време и да уживаме во следењето на фудбалските натпревари.

Oва школа се  реализира во соработка со фудбалски клубови и школи во Македонија , конкретно со фудбалските клубови Работнички, Кит-Го и ГФК Тиквеш,  истовремено, од  17 до 21 јуни, со фудбалски кампови во Скопје, Штип и во Кавадарци.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА