27 од вкупно 52 точки на денешната седница беа посветени на извештаи  за работење и Програми за работа на институциите од областа на образованието a се даде виза и за изведување на ученички екскурзии.Се донесоа и неколку одлуки поврзани со : Музеј галеријата, СС Јасмин,Домот на Културата и Детската установа „Рада Поцева„ .Освен тоа советниците прифатија  неколку донации до општината,го прифатија извештајот за работењето на ЈП Комуналец, а извештајот за одржувањето на Тиквешки гроздобер 2019 го одложија за наредната седница .

„Првото е лажното лице кога се во опозиција и второто е нивното вистинско лице кога се на власт Денеска ќе се потсетиме што ветуваше нивниот лидер Зоран Заев во 2016 година кога не бираше средства да се догреби до власта.

Дали е потребен дополнителен коментар? Оваа шетање на Заев по пунктовите е во 2016 година кога во државата имаше вишок од над 40 милиони килограми на грозје кои визбите во Република Македонија немаа услови да ги откупат меѓутоа тогаш се интервенираше и се откупи цело грозје и цената беше 13 денари за вранецот и 11 денари за смедеревката.

Денеска поради сушата имаме над 50 милиони килограми на гројзе помалку од минатите години а цената на грозјето е за два до три денари пониска во однос на минатите години.

Почитувани граѓани,

Каде се тие агенции за интервентен откуп што ги ветуваше Заев пред да дојде на власт? Дали откупните цени на грозјето се знаат триесет дена пред бербата откога Зоран Заев а премиер? Дали државата е партнер со земјоделските производители и со откупувачите? Дали субвенциите од еден денар ги дадоа во февруари или се уште не се исплатени во целост до денеска? Се што ветија за се излажаа. Оваа влада не само што нема концепт за работа туку и целосно ги понижува и потценува лозарите.

Го повикуваме министерот за земјоделие во бела кошула Трајан Димковски да не си игра со чувствата на лозарите. Да не игра популистички игри со кои ќе купи уште некој месец дополнителен социјален мир.

Состојбата во државата со лозарството е премногу сериозна. Постои опасност лозарството целосно да се уништи. Под итно да ги прифатат амандманите кои се поднесени од страна на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ за ребалансот на буџетот и да ги субвенционираат лозарите со три денари по килограм грозје за сортите вранец и смедеревка.

На крај на локалното раководство на СДСМ во Кавадарци да им порачам: Не бранете нешто што не се брани.Смешни сте пред народот. Вас ви е јасно дека бродот на Заев тоне.

На Република Македонија ќе и се случи обнова,а таа обнова ќе ја направи многу наскоро владата на ВМРО ДПМНЕ со идниот премиер Христијан Мицкоски., се наведува на  пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

„Почитувани претставници на медиумите

Почитувани сограѓани,

ВМРО-ДПМНЕ тоне во криминал и корупција на сите нивоа во своите структури, почнувајќи од највисоко па се до најниско ниво.

Таков е и примерот за претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци Зоран Јованчев.

Учејќи веројатно од раководните структури на ВМРО-ДПМНЕ за кои се водат еден куп на постапки и обвиненија за разни злоупотреби, по тие стапки тргнал и Зоран Јованчев.

Имено претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци Зоран Јованчев по пријава од страна на граѓани, е фатен на лице место како краде вода за пиење од изворот Лукар, за наводнување на својот лозов насад во Ваташа.

Станува збор за лозов насад со број на парцела: 2126, со големина од 4.281 м2, кој Зоран Јованчев години наназад нелегално го наводнувал.

Човекот кој глуми “загрижен” лозар само кога неговата политичка партија е во опозиција, не само што не го штити јавниот интерес и јавните добра, туку истите ги злоупотребува за сопствени цели.

Почитувани сограѓани,

Ова е последен од низата примери за неодговорно и незаконско однесување на членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Ги повикуваме надлежните институции да спроведат темелна и ефикасна постапка за да се дојде до разрешница на овој случај.

Со ваквото однесување, Јованчев покажа дека не е достоен да биде советник и да ги застапува интересите на граѓаните.

Јованчев мора да си поднесе оставка од Советот во општина Кавадарци, а потоа низ отворена, законска и транспарентна судска постапка да одговара за своите дела.“- рече Вуко Мелов на денешниот прес на ОО на СДСМ Кавадарци.

Општинска Организација на СДСМ Кавадарци денеска на Прес конференција ги потсети земјоделцците за  проблемите кои ги имаа сите изминати години за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Градежната оператива на ангажираната фирма „КОП Инжинеринг“ од Скопје започна со поплочување на дел од тротоарот на улицата „Западен Булевар“.
Според проектот на Општина Кавадарци градежмите работи се спроведуваат на делницата од паркингот кај Градската капела до паркингот на ВВ Тиквеш.
На вкупна површина од 650 квадратни метри се поставуваат бехатон коцки, а на спојот со тревникот се поставија и мали рабници.
Со реализацијата на овој проект општината заокружува урбанизација на дел од „Западен булевар“ каде се изгради и најголемиот и според сите стандарди најдобро уреден кружен тек во градот кај ВВ „Тиквеш“.

Во Галеријата на  Домот на Културата синоќа започнаа ликовните случувања кои ке бидат повеќе, како што најави Владимир   Темков-одговорен за ликовните случувања во ова установа.Со изложбата на  слики од Новица Трајковски-македонски ликовен уметник, беше означен стартот на овој вид култура.

А Трајковски донесува , за него препознатливо освежување  кое преку мостовите не доближува до Божествениот премин чија цел е гледачот да најде мост до својата и неговата душа.На убав начин тоа ни го опиша Марија Панова, која ја отвори изложбата.Искреноста во неколкуминутното нејзино излагање прозвучи топло и сугестивно,така како што таа ги осознала сликите и воопшто уметноста на Трајковски.

А сликите на Трајковски се изразито сугестивни и верни на оригиналот, всушонт тие  се своевидни оригинали , кои има ствоја душа и пулсираат на свој начин.

На изложбата со пригодни зборови се обратија и автотот Новица Трајковски, ликовмиот уметник Владимир Темков и директорката на Домот на културата „Иван Мазов Климе„- Јулијана Туриманџова, која  го поздрави авторот и притоа изрази задовослство што уметник од ваков профил излага слики во Галеријата во Кавадари.Истовремено таа навести плодна културна есен во Кавадарци во институцијата што ја води.

Пред точно 101 години во 10 часот наутро по пробивот на Солунскиот фронт (Македонскиот фронт ), француската војска со целото вооружување преку Рожден и Ваташа, влегуваа во Кавадарци. На фотографијата француските војници во чаршијата пред Али Газелниковбеговата џамија. Бугарската војска два дена пред тоа го напушта Кавадарци


Фото-П.Kамчевски

Oпштина Кавадарци денеска обелодени дека започнува нов проект . Со работа стартува ПОВИКУВАЧКИ ЦЕНТАР ( Кол Центар) кој на едно место ке ги собира и соодветно процесуира-и реализира (решава)  , сите повици.Всушност ќе бидат примани повиците на граѓаните кои ке се јават на тел. број 13 300, за било какви проблеми во градот и општината( недостиг на улична светилка, оштетување на комунална опрема и имот во сопственот на Општината,оштетување и несостиг на сообраќајни знаци,нефукционирање на семафори,ке се eвидентираат прекршоци од областа на безбедноста во сообраќајот,и друго).Овде ке можат да се пријават и забелешките и пријавите на граѓаните опфатени со “Мој Општинар„.

-Целта е проблемите да  се примаат и веднаш решаваат најбрзо што може , без погоолеми бирократски процедури-рече градиначалникот Митко Јанчев.

Кол центарот ќе работи 24 часа и овде ке можат да  се следат со контрола со  видео надзор, засега 20-тина локации во градот со цел да се надгледува  безбедноста  на улици и јавни површини каде  е евидентирана висока фрекфентност на луге и возила.

Кавадарци е прва општина во ваков функционален Кол центар.

Градоначалникот на Кавадарци-Митко Јанчев  во име на Општина Кавадарци додели благодарници на претставници на компании ,винарии, угостителски објекти,фирми и поединци кои на директен и индиректен начин дадоа придонес во одржувањето на "Тиквешки гроздобер 2019".Тој им се заблагодари на сите кои дадоа придонес.
Јанчев во своето обраќање особено потенцира дека "Гроздоберот" како наша кавадречка манифестација е прваод ваков карневалски тип која започнала да се одржува и била синоним во државата па затоа ни останува во аманет да ја организираме најубаво што можеме.
-"Ние како Општина Кавадарци тоа со Ваша помош, рече Јанчев,успеваме да го постинеме , како што тоа верувам годинава го направивме најубаво досега."

Посебно , беше нагласен придонесот на на спонзирите особено премиум донаторите: Еуроникел,Градба-промет и Кожувчанка.

СООПШТЕНИЕ

                              Почитувани земјоделци, ве информираме дека од 26 август 2019 година во Подрачните канцеларии на МЗШВ е започнато доделување на персоналните картички за зелена нафта.

                            Право на картичка за зелена нафта има секој земјоделец кој обработува земјоделско земјиште и има поднесено единствено барање за оддржавање за 2018 година.

Мерката се однесува за сите земјоделци кои обработуваат лозови, овошни, поледелски и градинарски насади. Во општина Кавадарци и општина Росоман вкупно ова мерка ќе ја искористат 5974 земјоделци.

           До овој момент од подрачната единица на МЗШВ издадени се 3600 картички. Подигањето на персоналните картички за зелена нафта е лично со валидна лична карта или пасош. Ве потсетуваме дека крајниот рок за подигање на картичките за зелена нафта е 25 октомври.

         Ве известуваме до предвидениот рок да ги подигнете своите картички, бидејќи истите веќе ќе бидат повлечени од страна на платежната агенција.

                                                                         

Раководител на ПЕ Кавадарци

Митко Керов

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА