ЈП Комуналец и Општина Кавадарци денеска  стартуваа со нова инвестиција од 1,5 милиони денари, за технолошка вода за потребите на граѓаните и јавното претпритијатие .Граѓаните ова вода можат да ја користат за сопствени потреби-главно во земјоделието, а Комуналец со неа ќе ги обавува работите во градот . Со користењето на ова вода  ке бидат заштетени значителни средства.

Истовремено денеска ЈП Комуналец и градоначалникот Митко Јанчев во рамките на проектот „Кавадарци еко град„го промовираа новото комунално возило , метларка, за чистење на поголеми улици јавни површини .Возилото е купено од сопствени средствана на  Комуналец во вредност од 3  милиони денари.

Oд Кабинетит на градоnачалникот на Општиnата известуват дека :

Согласно работните задачи за поставување на хоризонтална сигнализација, службите на Општина Кавадарци на денeска-9.2019 ( вторник ) планираат одбележување на паркингот на парк Полана на ул.Лазо Мицев, ул.Крали Марко и ул.Партизанска. За успешно и ефикасно завршување на работните задачи, потребно е отстранување на сите возила.

Велосипедската експедиција од Кавадарци вчера и денеска  вози во Република Србија. Засега целиот тим е во одлична здравствена состојба и се чувствува добро.Доказ  за тоа е ова  фотографија.Се гледаме...наскоро во Кавадарци.

Претседателот на Здужението на Лозаро-овоштари од Кавадарци -Златан Стојчев на прес конференција, денеска најави продолжување на битката за подобри цени на грозјето, прогласување на елеменатрна непогода од суша, и подобри субвенции.Протестите за подбри цени на грозјето  , ако не се измени состојбата, рече Стојчев , ке резултураат со блокада на патиштата.

Ова фотографија која ја позајмивме  од ФБ профилот на Петре Камчевски, чии автор е правникот,новинар,снимател и фотограф-хронилар на Кавадарци -Бранко Ивановски од 1978 година  зборува многу: Спортската сала Јасмин сеуште не е изградена,во фаза на изградба се зградите лево од влезниот регионален пат во населбтаа „Бели камења„ и редовите за предавање грозје во  тогашен Агрокомбинат “Тиквеш„ се големи, на секоја вага посебен ред.Во далечина во сегашната Индустриска зона  не се гледа ниту еден од сегашните објекти(фаброки), едноставно ги немаше.Тогаш   влезниот дел од Росоман  беше обичен макадамски пат.Поинакво време од ова, нели...

 Oвие гроздоберски сцени се веќе минато. Од гроздоберот во Кавадарци 1980 година кога се наполнија капацитетите на АК “Тиквеш“, а беа наполнети и двата базени во Градскиот парк и големиот кај спортскиот комплекс “Јасмин“. Колони од трактори и камиони од неколку правци чекаа и по три дена пред капиите на “Тиквеш“. Таа година беше една од најродните во историјата на лозарството во овој крј. Фотографијата е на Бранко Ивановски.

Петре Камчевски

 Денеска во 81 година од животот во Кавадарци почина прославениот кавадаречки и македонски актер - Васо Ангелов.Неговата дарба и игра  како глумец во кавадаречкиот аматерски театар и во улогите во неколки филмски и тв проекти останаа засекогаш да говорат за неговата професионална работа како артист.

Васо Ангелов повеќе децении беше присутен во театарскиот живот на Кавадарци и државата. Глумел во над 80 театарски драмски дела во аматерскиот театар во Кавадарци,Неготино, во Скопје или во телевизиски проекти, филмови, скечеви и други дела од актерската уметност. Учествувал во повеќе од 400 театарски претстави .Тој беше специфичен во тетарската игра, тој не копираше никого, беше оригинал сам за себе.Лугето на театар одеа само да ја видат новата креација на Васо.

Едно време се обиде и успеа да го заживее драмскиот аматеризам во Кавадарци и Ваташа, каде најмногу се чувствуваше неговата активност како актер и како режисер.Неколку телевизиски режисери го ангажираат во делата што ги подготвува и режираа доделувајќи му улоги во телевизиски драми и филмови за деца.

Васо Ангелов беше брилијатен во изведбата на улогата на Митке од претставата „Коштана“ што беше поставена на репертоарот на Домот на културата во Кавадарци.

Последните негови настапи беа  во „Седумка љубов или смрт“ во режија на Александар Малинков и „Госпоѓа Министерка“ во режија на Душко Наумовски.

Васо Ангелов е роден 1938 година во Ваташа.

Заврши проектот - Витач -инкубатор за органско земјоделско пчеларство  .Проектот го спроведе Биовита.Наменет беше  за обука на млади пчелари во руралните средини. Покажан е голем интерес особено кај младтата женска популација

Потсетуваме;

Втора година  четворица велосипедисти од Кавадарци , ентузиијасти и почитувачи на делото на Тоше Проески,членови на Здружението „Тиквешки Тоачакџии„ ја возат делницата од Нова Градишка,  местото каде загина Тоше 2007 гоидина, до неговото родно Крушево.Со екпседицијата годинава е актерот Диме Коцевски, кој има логистичка улога, во која е предвидена и изработка на документарна репортажа, за се што ќе се случува на  патот долг над 1.000 километри.Според поратоците кои ги добиваме од кавадаречките велосипедисти.Старот во  Нова Градишка поминал одлично, домаќините  како  вистински  пријатели на Тоше и Македонија ги дочекале и организирале дорар старт.На патот кон Македонија ним и се приклулучувале велоспедисти од Славонски Брод и други градови на пријателска Хрватска и на фанови н Тодор Проески-звездата која никогап нема да згасне.Исто било и на патот по маршрутата, Од вчера  имаме информација дека сите се добри, и веќе се воци по патиштата во Србија.

Втора година  четворица велосипедисти од Кавадарци , ентузиијасти и почитувачи на делото на Тоше Проески,членови на Здружението „Тиквешки Тоачакџии„ ке ја возат делницата од Нова Градишка,  местото каде загина Тоше 2007 гоидина, до неговото родно Крушево.Екпседицијата годинава има уште еден член - актерот Диме Коцевски, кој има логистичка улога, во која е предвидена и изработка на документарна репортажа, за се што ќе се случува на  патот долг над 1.000 километри.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА