Компанијата „Градба промет“ продолжи со градежните работи за изградба на сообраќајно - комуналниот проект кружен тек кај ВВ „Тиквеш“.

Општина Кавадарци во соработка со УНДП и Швајцарската агенција за развој и соработка , а во рамките на проектот “Зајакнување на општинските совети“ започнува со реализација на Форуми во заедницата.
Денеска се одржа првата форумска сесија која предизвика голем интерес кај граѓаите и здруженијата . Ова се проектни форуми за кои е обезбеден фонд од 50 000 CHF , а ќе се финансира најмалку еден, а најмногу три проекти. Проектите кои ќе ги подготвуваат граѓаните ќе бидат за интервенција во областа на Социјална инклузија.
Форумот го поздрави градоначалникот Митко Јанчев.

Општина Kавадарци преку ЈП „Комуналец“ продолжува со реализација на проектот за изградба на нов зелен пазар на просторот кај „Судската палата“ во новиот центар.

 Во галеријата на Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци беше организиран мултимдијален културен настан во чест на прерано починатиот ликовен уметник Димитар Младенвски (1970- 2007) од Скопје.

Општината Кавадарци преку ангажираната оператива на градежната фирма „Градба промет“- изгради крак од „Галишка„.

Во рамките на проектот и руралните средини да добијат детски градинки на Министерството за труд и социјална политика, денеска во село Марена беше предаден во работа објектот„Петар пан„- детска градинка со опфат за грижување на 25 до 30 деца.Градинката ја изгради Локалната самоуправа Кавадарци  а целосно ја опреми Министерството за труд и социјална политика од каде има информација дека годинава се изградени над 30 објект за згрижување на деца, а Кавадарци ке добие уште една голема.Градоначаникот Митко Јанчев, при обраќањето денеска, најави дека во текот на ова лето ке бидат предадени нови занимални со проширување на постојните единици , така што   ке се зголеми можноста од запишување на нови деца.Инаку во градот има потреба од изградба на нова градинка која Кавадарци најверојатно ке ја добие.

На свеченоста во село Марена присуствуваше и министерката за Труд и социјална политика Мила Царовска

Нов комунално сообраќаен проект реализира општината Кавадарци на локацијата Парк „Полана“.

Цвеќе  на споменикот  положија делегации:Локалната самоуправа, Сојузот на Борци, ОО на СДСМ  и ОК на ВМРО-ДПМНЕ.

Градоначалникот Митко Јанчев на терен по силното невреме повторно беше на терен  заедно со службите   каде  интензивно се работеше  на чистење на наносите од кал а на места и на водата .

Покрај во Кавадарци нашите служби - конкретно на  ЈП Комуналец по големото невреме кое ја зафати Општина Неготино,заедно со  ТППЕ на Кавадарци помагаа во чистењето на последиците  од водата од големото невреме кое вчера го зафати овој наш соседен град.

Денеска речиси сите улици кои како последица од невремето вчера имаа наноси од кал и песок беа миени од вработени  од  ЈП Комуналец.

Се известуваат граѓаните кои ги користат паркинзите кај зградите Силекс, утре 19.06 од 06 часот да ги поместат нивните возила поради перење на паркинзите. Ве замолуваме за коректност и соработка се со цел на време и професионално да си ја извршиме обврската.

ЈП„Комуналец-Кавадарци

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА