Македонска репрезентација Пливка настапува на Светското првенство кое ке се одржи во Нови Сад.
Деновиве се одвиваа завршните подготовки за 66-то Светско првенство  во  Нови Сад /Србија од  1  до 8.Септември-2019 година

Општина Кавадарци ги информира граѓаните дека утре вторник 27 август 2019 година, ќе се асфалтира улицата „7-ми Септември“ на делницата од раскрсницата „ДТВ „Партизан“ до кружниот тек над мостот.
Улицата ќе биде целосно затворена за секаков вид сообраќај во времето од 7:00 часот, па до завршувањето на работите.
Заради непречено и кавлитетно изведување на работите, Општината АПЕЛИРА до возачите целосно да се придржуваат и да го почитуваат времениот режим за сообраќај, како и да ги користат алтернативните правци по соседните улици.

Целиот проект е во вредност од 480 000 евра, рече на денешниот прес Вуко Мелов- член на ИО на ОО на СДСМ Кавадари

Во рамките  на  25-то  на Меѓународната ликовна колонија „Михајлово/Кавадарци-2019“ синоќа во Хотелот „Уни Палас“ каде престојуваат уметниците се одржа целовечерен концерт со Тони Китановски Трио и Сашо Поповски Трио. На убавата  џез музика  претходеше арт-перформанс со ликовниот уметник Ренди Феир од Соединетите Американски Држави кој со креда црташе пред присутните а неговата слика  добиваше различен колорит.

Создадените над 100 дела  ќе бидат изложени вечерва на  затворањето на ликовната колонија „Михајлово-Кавадарци 2019“. Вечерва исто така ќе биде промовирана книгата „Боите на небото и земјата“ од М-р Владимир Темков од страна на професор Кирил Темков.

Со оглед на високите температури и пожарите кои беснеат во цела држава , апелираме до сите граѓани совесно да се однесуваат кога се на отворен простор во пруирода.

-„Реализирана е превентивна акција со дење на едукативни флаери за поревенција од пожари.Ова акција е во пресрет на верскиот празник Голема Богородица , што е повод во неколку села да се одржат прослави.Исто така слава на Голема Богородица е и на Манстирот „Свети Никола„ во Моклиште.„- ни изјави Димитар Каракулев- самостоен инспектор за превенција во ПС од ОН Кавадари.

Записник од состанокот на Управниот Одбор на Здружението “Напредни Лозари“ (преработена верзија за известување на јавноста).

На колонијата беа израбнотени околу 100-тина уметники слики од 45 ликовни уметници од :Турција, Бугарија, Србија, Иран, Албанија, Грција, Италија, Русија, Украина, Германија, Косово, Словенија и Македонија.

Од друштвото “Аноними“ во коешто имаше неколкумина добри музичари, беше формирано ВИС “Аноними“ кои свиреа забавна музика во исто време кога свиреа и ВИС “Младост“ од Кавадарци, само “Аноними“ за прв пат во градот свиреа на електрични гитрари. Редовно одржуваа матинеа во салата на ДТВ Партизан и секогаш истата беше преполна. Од музичарите во оваа група ќе ги спомнеме: Л. Давчев, Т. Габев, Љ. Малинков, П. Атанасов и Љ. Каров. Останатите од друштвото се: К. Белевски Буки, Д. Кузманов, В. Пачаџиев, К. Каров, Д. Попов, Љ. Костов, К. Танчев и И Јованов. Групата “Аноними“ започна да свири во 1965-1966 година.

Петре Камчевски

Проектот за обновување на фасадите на зградите во централното градско подрачје продолжува со санирање на фасадата на зградата на улицата „Тиквешко востание“ спроти  зградата на Општината.
Ова е седмата зграда на која Општината преку оперативата на ангажираната фирма „Метал Апостолов“ врши фарбање на фасадата, обнова на сачокот и олуците.
Според проектот остануваат да се обноват фасадите на уште пет згради.

-На 11.08.2019 во 08,30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Градско-Прилеп, кај с.Дебриште, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Д.(34), од с. Острец- битолско и патничко моторно возило „Ланд ровер“ со велешки регистарски ознаки, управувано од О.Г.(30) од Велес. Во незгодата починал сопатникот од возилото “Голф“ Б.Д.(36). Со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.Д., додека возачот О.Г. и тројца сопатници од двете возила се здобиле со телесни повреди. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Велес.

-На 11.08.2019 во 18.40 часот било пријавено дека на улицата „Страшо Пинџур“ во с. Ваташа, кавадаречко, патничко моторно возило „Форд фокус“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Л.Ѓ.(31) од Кавадарци, удрило во велосипед управуван од Ј.А.(66) од Кавадарци. Ј.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кавадарци.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА