ОБЈАВА број 3/2019  за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци сопственост на Република Северна Македонија  по пат на електронско јавно наддавање во општина Кавадарци

Започнаа градежните активности со оперативата на изведувачот "Бетон" и подизведувач "Изолација". Прво е гребење на асфалт на Бул. Моша Пијаде на потег од стар кружен тек до нов кружен тек со што ќе следи нов асфалт.

Здружениетео „Напредни лозари„ на својот Фејсбук профил го искажува својот став во врска со цените и откупт на винско грозје 

Се известуваат граѓаните дека на ден 10.08.2019 година (САБОТА )со почеток од 9 часот ќе се започне со гребење на асфалт на Бул. Моша Пијаде. Се молат граѓаните кои ги имаат паркирано возилата од стар кружен тек до нов кружен тек да ги отстранат ,заради непречено одвивање на градежните активности,

,
Соопштуваат од Кабинетот  на Градоначалникот Митко Јанчев.

Известување од ЛК на СДММ-Кавадарци:

По повод Меѓународен ден на млади 12.08.2019 ЛК СДММ Кавадарци организира трибина каде ќе се презентираат мерките и програмите на Агенцијата за Вработување на Република Северна Македонија кои ги опфаќаат младите.

Бидејќи сметаме дека младите не се доволно заинтересирани и информирани за поволностите кои им се нудат за отпочнување на сопствен бизнис и вработување во постоечки, па поради тоа во соработка со АВРСМ организираме едукативен настан.

Презентери ќе бидат вработени од АВРСМ, а преку отворена дебата ќе може да се вклучат сите присутни.

Во педесетите години од минатиот век Кавадарци доживува вистинска експанзија во изградбата на индивидуални и општествени станови, изградба на улици, канализација, тротоари итн. На фотографијата од 1955 година се гледа изградба на улицата "ЈНА", денес "Тиквешко востание", како и куќите на Пендеви, Угурови, Чулеви и други, а од механизација се користат арабаџиски коли, рачни колички, лопати и копачи.

П.Камчевски

Започна  Еко кампот“ на Еколошкото друшртво „Тисовец„ од село Возарци.Се работи за 10-от по ред Еко камп.

20 деца од Возарци и Шивец ке престојуваат и изведуваат еколошки активности  во одморалиште Михајлово. И ова година овој проект го финанасира  ЕуроНикел-Индустри.

 Час по фискултура на учениците од Граѓанското училиште во Кавадарци во 1930 година. Училиштето тогаш било во куќата на Глигор Анастасов. Фотографијата ја снимил Андон Димитров, а ја позајмив од фото албумот на Тошо Јанакиев — во Kавадарци.

П.Камчевски

Нашата млада,талентирана,амбициозна,харизматична и успешна кавадарчанка-ТАЛИА ВАСИЛОВА која неуморно,со голем труд,љубов и желба плови во водите на песната,музиката,танцот...  

Oва е Управата на ФК “Тиквеш“ 1963 година: К.Шопов, А. Грков, Љ.Шкартов, И.Јосифов и Чулев на последниот проштален натпревар на Вуко Каров, еден од најдобрите фудбалери во историјата на кавадаречкиот фудбал во 1963 година. Покрај Тиквеш, Вуко има играно и за ФК “Вардар“ од Скопје за кого има одиграно 30 сетина натпревари, а му има дадено и два гола на Владимир Беара, едниот во Скопје против “Црвена Ѕвезда“, а вториот во Сплит кога Беара брани за “Хајдук“. Вуко има настапувано и за студентската репрезентација на Југославија.
 
Петре Камчевски
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА