Денеска во 81 година од животот во Кавадарци почина прославениот кавадаречки и македонски актер - Васо Ангелов.Неговата дарба и игра  како глумец во кавадаречкиот аматерски театар и во улогите во неколки филмски и тв проекти останаа засекогаш да говорат за неговата професионална работа како артист.

Васо Ангелов повеќе децении беше присутен во театарскиот живот на Кавадарци и државата. Глумел во над 80 театарски драмски дела во аматерскиот театар во Кавадарци,Неготино, во Скопје или во телевизиски проекти, филмови, скечеви и други дела од актерската уметност. Учествувал во повеќе од 400 театарски претстави .Тој беше специфичен во тетарската игра, тој не копираше никого, беше оригинал сам за себе.Лугето на театар одеа само да ја видат новата креација на Васо.

Едно време се обиде и успеа да го заживее драмскиот аматеризам во Кавадарци и Ваташа, каде најмногу се чувствуваше неговата активност како актер и како режисер.Неколку телевизиски режисери го ангажираат во делата што ги подготвува и режираа доделувајќи му улоги во телевизиски драми и филмови за деца.

Васо Ангелов беше брилијатен во изведбата на улогата на Митке од претставата „Коштана“ што беше поставена на репертоарот на Домот на културата во Кавадарци.

Последните негови настапи беа  во „Седумка љубов или смрт“ во режија на Александар Малинков и „Госпоѓа Министерка“ во режија на Душко Наумовски.

Васо Ангелов е роден 1938 година во Ваташа.

 

 

095858588767767666.png

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА