Во рамките на истражувачкиот Проект “Систематско,археолошко истражување на локалитетот “Кртозов Рид“ с. Дреново, прифатен и финансиски подржан од страна на Министерството за култура – Скопје, Локален Музеј – галерија Кавадарци по пауза од две години продолжи со реализација на истиот врз основа на добиената дозвола за работа од страна н а Управата за заштита на културното наследство – Скопје. Ископувањата започна на 26.09.2019 година се во фаза на реализација и ќе траат до 26.okтомври оваа година.
Археолошкиот локалитет Кртозов рид се наоѓа на околу 1 км северозападно од село Дреново, на терен на обработливо земјиште, лево од селскиот пат, спроти т.н. “Прочистителна станица“, на простор каде денес се наоѓаат лозја и ниви во приватна сопственост. Евидентиран е во археолошката карта на РМ како раскошна вила, односно полски имот, а во АК на Кавадарци и во евиденција на недвижно културно наследство на територија на Р Македонија , како villa rustica од раноримскиот и доцноримскиот период, кој се наоѓа на северозападната периферија од селото.
Според досегашните истражувања на локалитетот Кртозов рид – с. Дреново, in situ откривме нова ранохристијанска базилика која според досегашните сознанија датира од V - VI век со раскошна архитектонска диспозиција со сите елементи што се карактеристични за овие градби: олтарна преграда со парапетни плочи со крстови, розети и монолитни столбови со бази и капители и мозаик во апсидалниот простор, прв од ваков вид во кавадаречко, крстовидната крстилница, некропола, а секако и останатите археолошки наоди кои даваат можност за нови значајни сознанија, фази на градби, а секако и согледување на културните појави што настанале на овој простор и неговата непосредна околина.
Раководител на ископувањата е Весна Ѓорѓиева, кустос-советник, археолог во Музеј галерија Кавадарци, Раде Атанасов – кустос археолог, Трајче Цветков – ист. На умет и археолог од истата институција, Костадинка Филипова од Музеј на град Неготино.
Покрај стручниот тим, работници, студенти, колеги од сродни институции и волонтери, активно учество во реализација на истите како и досега имаа ученицитe од повисоките класови од од гимназијата “Добри Даскалов“ од нашиот град, со проф. по историја Наташа Матакова. За учениците истражувањата имаа едукативен карактер.