МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Младинската Асоцијација Креактив, заедно со бизнис секторот од Кавадарци, организира меѓународна трка „Кавадарци трки 2015 - Born to Run", на која освен натпреварувачи од Кавадарци и регионот учество ќе земат и натпреварувачи од Белгија, Англија, Велс, Естонија, САД... Според пропозициите, кандидатите ќе можат да се пријават за учество на една од четирите патеки, и тоа на 1, 3, 5 и 10 километри, од кои во трката на 1 километар може да учествуаат само деца до 10 годишна возраст, а партиципацијата ќе изнесува 250 денари за трката на 10 километри, 150 за на 5 километри, 100 за на 3 и 50 денари за трката на 1 километар. Предвидено е трката да се оддржи на 13 септември, недела, со почеток од 17 часот и 30 минути, а патеките ќе бидат поставени на потегот Витачот - Градски плоштад Кавадарци. Превозот од Кавадарци, до стартот на трката ќе биде обезбеден од организаторите, а доколку сеуште не се чуствувате подготвени за трчање, можете да им се придружите на волонтерите кои ќе го организираат настанот.