Проблематичкниот откуп на праски ова лето,за росоманци, оние кои располагаат со поголеми количини, продолжува.Секој се снаоѓа како знае и умее.До нашата редакција денеска пристигна информација од , за нас, непозната компанија „АДО 95„ ,за откуп на истата за извоз во Ирак.Тие се нарекуваат спасители на росоманската праска.

Немаме податоци за начинот на исплата и цената.

Веруваме дека е достоинствена за овоштарите од Росоман

Општина  Росоман, на Духовден традиционално  започнува бербата на праските, кии се заштитетн  знак на Росоманска Општина.Годинава праскоберот започна, но сепак симбилично тоа ке се направи на Духовдем.Затоа Опшгтина Росоман ги поканува граѓаните да го резервираат овој термин за едно поинакво искуство и да дојдат во Росоман на Духовден.

Фондацијата Тиквешки вински пат  вчера јавно обелодени   нов проект кој ке го реализира во Општина Росоман заедно со Локалната самоуправа. Се работи за првиот центар за храна, вино и туризам.  Во тек се градежните активности за реновирање на старото училиште каде ќе биде сместен центарот. Проектот е наречен „Тера вино“ - „Земја на виното“ и  е во рамките на  прекуграничната соработка меѓу Македонија и Грција.

Виолета Јанкова директорка на Фондацијата „Тиквешки вински пат“, на вчерашниот на  инфо ден рече дека проектот е вреден околу 510 илјади евра, од ЕУ преку ИПА програмата.

„Во тој објект ќе има амфитеатар, сала за дегустации и изложбен дел, туристичко информативен центар и канцеларии за обука. По изградбата на овој Центар, кластерот составен од приватниот сектор од винарството, земјоделието, туризмот и типичните производи од двете страни на границата ќе имаат можност да ги изложат своите производи, да се едуцираат, да создаваат заеднички производи кои потоа ќе ги продаваат на трети пазари“рече Јанкова.

Градоначалникот Бранко Јанев го поздрави проект, кој после многу време ке се реализира.Реконструкцијата и адаптацијата на старото училиште е потреба на општината.Верувам дека успешно ке завршиме, до крајот на ова година.

-Ние како општина  учествуваме со околу 220 илјади евра.Росоман ке стане поголема туристичка дестинација со многу содржини, рече Јанев.

Реализацијата  на „Тера вино“  вреден повеќе половна милион евра, го поздрави и Јан Маат од ЕУ, кој оптимистички се осврна на реализацијата на вакви и слични проекти кои придонесуваат за поголем економски а пред се туристички развој на земјата.

Ова беше прилика домашните приватни винариии да извршат презентација на дел од  своето производство  кое наиде на  прием кај посетителите, а неколкумина од  приватните производители на храна  и домашни ракотворби го покажаа  исто така дел од своето рачно производство  на домашни потребштини.

,,Тиквешки вински пат” работи од 2006 година.  Целта е да се развие туризамот на едно повисоко ниво.

Јавната консултација за Извештај за процена на животна средина и социјални аспекти ,План за управување со животната средина и Механизам за жалби и поплаки за наведените проекти, во делот на заштита на животната средина и социјалните аспекти ќе се одржи во Општинa Росоман на 06.06.2019 година (четврток) со почеток во 11 часот во просториите на општина Росоман.

Претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со градоначалникот на Росоман, Бранко Јанев, Државниот инспекторат за земјоделство, Државната фитосанитарна лабораторија вчера во Росоман, ги посетија откупните пунктови за праски.

Во Росоман вчера Ротаракт донира спорска опрема и реквизити во ООУ„Пере Тошев„.Опремата е добредојдена за учениците кои ќе им имаат можност да ги користат двете игралишта за кошарка и ракомет односно мал фудбал.Истовремено извршено е обележување на двете игралишта.

Денеска во Росоман продолжи манифестацијата “Праскобер 2019“.

Се одржан меѓународен турнир во мал фудбал (ветерани) помеѓу екипите на Анина (Романија),Пландиште (Србија), Борнова (Турција) и општина Росоман.

-Од 19 до 21 часот  се одвиваше  Културно уметничка програма и настап на локални солисти.
- КУД Младост - Јосифово
- КУД Тиквеш - Кавадарци
- КУД Росоман - Росоман
- КУД Младост Велика греда
- КУД Јасен - Велики Гај

 

Претходни присутните ги поздрави градоначалникот на Општин Росоман Бранко Јанев.

За утре,недела 16.06.2019 ,предвидено е одржување на традиционалниот панаѓур.

Денеска во Општина Росоман беше потпишан договорот за реконструкција и адаптација на дел од постоечки објект за потребите на ЈОУГД Праскичка помеѓу општина Росоман и изведувачот Ми-комерц.

Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ денеска со свој преставник во Росоман.Цветан Трипуносвки се запозна со најновата состојба со ниската откупна цена на праските и разочараноста на производтелите поврзана со цените на ова рано овошје.

Вработените од општина Росоман, ЈПКД Росоман, Детска градинка Праскичка како и ученици од ООУ Пере Тошев реализираа акција за почиста општина Росоман.

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА