МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

ФК„ЉУБАНЦИ“ ПОРАЗЕН ОД ВАРДАР ВО НЕГОТИНО 2:1

Фудбалерите на Љубанци ќе мораат да почекаат за првите бодови во втората фудбалска лига, откако и во второто коло беа поразени со идентични 2-1.

Во второто првенствено коло од играчите на Љубанци за гол подобри беа фудбалерите на Вардар Неготино кои за само во финишот на првото полувреме постигнаа два гола за резултатски пресврт, но и за важна победа по ремито во првото коло со екипата на Академија Пандев.

Слободан Дуков во 32та минута му донесе радост на тимот на Љубанци, но за голема радост на публиката на игралиштето во Неготино се погрижија Петар Најдов во 44та минута, а во судиското продолжение од првиот дел погоди Иван Ивановски.

Во следното, трето првенствено коло, фудбалерите на Љубанци ќе имаат уште еден тежок предизвик, и тоа против амбициозниот тим на Академија Пандев кој во сабота ќе гостува во Кавадарци.