Празникот на лозарите и традицијата на свечено закројување на лозјата оваа година новата локална самоуправа во Демир Капија одлучи истиот да биде од хуманитарен карактер.
Средствата кои ќе се соберат од продажбата на ракија,вино и сирење изложени на штандови за најдобра традиционална македонска трпеза,ќе се донираат за лекување на 8 годишниот Илија Петков од овој град кој води тешка борба со малигна неоплазма на р`бетен мозок. Операцијата чини 15 илјади евра и секоја помош за неговите родители е добредојдена,вели градоначалникот на Демир Капија,Лазар Петров.
- За прв пат планот е оваа манифестација една од две години да стане самоодржлива и се она што оваа година што ќе се нуди како производи и средствата кои ќе бидат собрани ќе се наменат за наш млад сограѓанин од Демир Капија на кој му се потребни за лекување,изјави Петров.
Инаку програмата за одбележување на Недела на традицијата Св. Трифун 2018 година` започнува в недела со подигнување на фестивалското знаме во центарот на Демир Капија во 12:00 часот а активностите продолжуваат со натпревари за најдобра домашна ракија,за закројување на винова лоза и натпревар за најдобро домашно вино. Централниот настан ќе се одржи на 14-ти Февруари со богата програма како и Базар на вино, ракотворби и производи од традиционални занаети по што ќе бидат доделени награди и признанија од четирите натпревари за најдобрите.