Во Демир Капија во тек се градежните работи за реконструкција на улица Илинденска со крак улица Питу Гули. Со реконструкцијата ќе се изврши отстранување на оштетениот асфалт, проширување на дел од улицата, ќе се изгради атмосферска канализација, тампонирање, вградување на рабници и асфалтирање со ширина од 5,5 метри и должина од 820 метри.

Градежните работи ги изведува фирмата „Жикол“ од Струмица.Паралелно со реконструкцијата ЈКП„ Бошава “од Демир Капија врши приклучоци на новата водоводна мрежа се со цел за поквалитетно снабдување на населението со вода за пиење.Покрај ова на дел од улицата во должина од 180 метри се поставува нова фекална канализација.