Во текот на летниот период беа извршени градежни работи за реконструкција на кровот во подрачното училиште во с.Корешница.
Во рамки на градежните работи беа опфатени целосна демонтажа на стариот кров , изработка и поставување на дрвена конструкција со нови греди, вградување на термо и хидроизолација, поставување на нови летви и ќерамиди, поставување на нови хоризонтални и вертикални олуци и изработка на нова стреа. Со изведувањето на овие градежни активности, чие финансирање беше обезбедено од буџетот на училиштето во соработка со локалната самоуправа, дојде до подобрување на техничко-просторните услови во кои настава следат педесетина ученици од селото Корешница.