Во општина Демир Капија во име на традицијата продолжи да се слави и негува споменот на великомаченикот и чудотворецот Свети Трифун.

Во ООУ Димче Ангелов Габерот како и секоја година така и оваа беше распишан литературен, ликовен и конкурс по информатика на тема Свети Трифун – празник во вербата во плоден род и добро вино. За таа цел во училиштето се одржа приредба на која беа прочитани првонаградените творби во областа на поезијата и прозата.Се претставија учениците Борче Борчевски од 4а оделение со поезија:

Св Трифун празник на вербата во плоден род и добро вино

14 – ти Февруари.....вино и ракија се пие,традиционално секоја годинапесна и оро се вие.

Славиме сите ниесо надеж за добра берба,лозарите ќе закројат со голема верба.

Годината уште поубаваи плодна да биде,од дрвената бочва црвено вино да иде.

Од Тиквешко виногорјенарод сме ние,и нема човекшто вино и ракија не пие.

Животот е убавво нашиот крај,богати сме со лозjаи бело грозје ко сјај.

Црвеното тиквешкосекаде го има,најслатко и најубавосе пие во зима.

Милан Недев пak од 9-а одделение со проза.

Св Трифун- празник на вербата во плоден род и добро вино

Секој ден започнува со будењето на сонцето на хоризонтот. Но, денес тоа не беше единствената работа што се пробуди. Се пробуди и природата и се пробуди љубовта меѓу луѓето. Наместо гласните часовници за на работа, денес луѓето ги буди песна која се слуша оддалеку. Утрото започнува со чаша добро вино. Виното е мало богатство кое ја облагородува душата, кое ги буди сите сетила во нас пак и самите нас. А, денес е денот за да се посвети љубовта на виното кое тоа ја заслужува. Денес е денот на виното, денес е денот на љубовта, денес е денот на среќата тоа се три мали работи кои всушност не знаеме колку се големи. Oсвен сетилата виното ги разнежнува луѓето, а каде што има нежност таму има и љубов. Љубовта е нешто што го прави животот-живот, љубовта е среќа љубовта е се. Покрај добро вино и љубов денес има среќа, песни, ора и да не продолжувам да набројувам затоа што зборовите го немаат тоа за да можат да кажат што се има овој ден. Денес ова не се случува само на едно место. Ова се случува насекаде каде сончевите зраци допираат и го означуваат рајот на земјата. Се прашуваме,што е денес? Денес е Свети Трифун единствениот ден кога рајот не е само на небото туку и на земјата. Се што е убаво мора и да заврши, па така полека сонцето како мало дете во прегратката на мајката, е прегрнато и од прегратката на планините кое полека оди во сон и чека до следната година да ја види убавината која се гледа само на Св Трифун.

Од страна на Ивана Лазова претседавач на Советот на Општина Демир Капија манифестацијата беше прогласена за отворена, а потоа следуваше и подигањето на фестивалското знаме во центарот на Демир Капија.

Според програмата на манифестацијата Недела на традицијата Свети Трифун 2019 во Општина Демир Капија се изврши прибирање на мострите за натпреварите за најдобро домашно вино и ракија од домовите на пријавените лица. Стручното жири од професионални енолози ќе изврши дегустација и оценување при што ќе бидат прогласени победниците.