МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Советот на општина Демир Капија на 33-та редовна седница ја усвои Програмата за изменување и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Демир Капија за 2016 година а беше донесена и одлука за утврдување на потребата од донесување на нова урбанистичко-планска документација за објекти надвор од плански опфат.На седницата беше донесена одлука за обезбедување средства во буџетот на општина Демир Капија за експропријација на градежно земјиште за градење од објект од јавен интерес од локално значење како и одлука за обезбедување средства во буџетот на општина Демир Капија за стекнување право на сопственост на недвижни ствари.

Седницата продолжи со донесување одлука за устројување и водење катастар на подземните инсталации и објекти на подрачјето на општина Демир Капија а беше донесена и одлука за финансиско учество во проект “Соработка меѓу пет мали општини во Европа“ преку Програмата „Европа за граѓаните“. На 33 седница на Советот на општина Демир Капија беше разгледан беше донесен годишниот план за вработување за 2017 година а се донесе и решение за давање мислење за Програмата за организирање и реализирање на екскурзии и други слободни активности во ООУ „Димче А.Габерот“ за учебната 2016/2017 година.Беа разгледани и барања од физички и правни лица и поставени советнички прашања.