МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вчера граѓаните од Демир Капија и од околните населби од Демиркаписка општина, го прославија големиот христијански празник Богојавление Водици.Како што е познато на овој празник во водите на реката Јордан бил крстен нашиот спасител Господ Исус Христос од вети Јован Крстител.По тој повод денеска претпладне од страна на верниците беше посетена црквата Света Богородица во Демир Капија за да присуствуваат на отслужувањето на светата божествената литургија посветена на Синот божји и на Света Богородица. Според преданието по отслужената света божествена литургија свештеникот Љупче Силев, освети вода за секој верник да однесе дома за благослов на своите членови на секое семејство,а потоа верниците со икони и со запалени свеќи во рацете,како и со биењето на камбаната, три пати ја заобиколија црквата и се упатија кон реката Бошавица.На чинот на фрлен во водите на реката Бошавица.Од околу триесет скокачи најсреќен беше младинецот Лазар Николов од Демир Капија.По ова започна и честитањето на момчето што го извади светиот крст од реката Бошавица,а овде беше присутен и градоначалникот на општината Демир Капија Лазар Петров кој му честита и од страна на локалната самоуправа му додели поклон, а за посетителите на овој настан беа обезбедени греана ракија и топол чај. Од името на Црковниот одбор при црквата Света Богородица на момчето му беше даден светиот крст да го задржи неколку дена и со него да ги посети христијанските семејства. Инаку, со посетата на членовите на секое семејство им посакуваат здравје и среќа да ги служи преку целата година.