На ден 27.01.2020 година Советот на Општина Демир Капија ја одржа дваесет и осмата седница на која беа разгледани и усвоени три точки од дневниот ред. По разгледувањето и усвојувањето на записникот од измината одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која се донесе одлука за давање согласност за финансиско учество во предлог проектот- "Изработка на техничка документација за заштита на животната средина и материјалните добра од пороите во с.Корешница и с.Бистренци". Со оваа Одлука се дава согласност за сопствено учество во предлог проектот "Изработка на техничка документација за заштита на животната средина и материјалните добра од пороите во с.Корешница и с.Бистренци" и за обезбедени 50% или 715.000,00 денари со ДДВ, од потребните средства за реализација.Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 1.430.000,00 денари со ДДВ.Корисникот на Програмата во целост е одговорен за реализација на предлог проектот. Финансиската поддршка во реализација на предлог проектот од Бирото за регионален развој изнесува 50% од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за реализација.
По разгледувањето на втората точка од дневниот ред беше усвоено Предлог решението за давање Согласност на Статутарна одлука за промена на Статутот на Јавната општинска установа за деца Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија.Советот на општина Демир Капија на седницата одржана на 30.12.2019 година донесе Одлука за отпочнување со работа и вршење на дејноста на објектот СОНЦЕ во с.Корешница, кој ќе функционира во состав на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија, бр.08-1118/28. Врз основа на донесената одлука и приложената документација од Министерството за труд и социјална политика донесено е Решение за вршење на дејноста згрижување и воспитание на деца од две до шест годишна воздраст во објект “Сонце“ во с.Корешница во состав на Јавна општинска установа за деца – Детска градинка БОРИС ТРАЈКОВСКИ Демир Капија, бр.11-9317/7 од 31.12.2019 година.
Согласно член 102 став 4 од Законот за заштита на децата, по донесување на решението од ставот (1) на овој член установата за деца во рок од 15 дена од денот на добивање на решението се запишува во соодветниот регистар на Централниот регистар на Република Северна Македонија. Во постапка за упис во Централен регистар потребно е по донесување на Решението од МТСП да се изврши дополнување на Статутот на детската градинка со упис на новиот објект, врз основа на Статутарна одлука донесена од Управниот одбор на која Согласност треба да даде основачот односно Советот на општината
Потоа се премина на третата точка од дневниот ред на која беше усвоено
Предлог-Решението за давање позитивно мислење на Статутот на Општинското
Основно училиште Димче Ангелов Габерот од Демир Капија која беше доставена по барање од ООУ“Димче А.Габерот“Демир Капија со допис бр.03-33/1 од 22.01.2020 година,на која е потребно Советот на општината да даде Позитивно мислење на Статут донесен согласно новиот Закон за основното образование („Сл.весник на РСМ“ бр.161 од 05.08.2019 година), за да може истиот да се применува во роковите предвидени во член 177 став 1 од Законот за основното образование, кој гласи: Основното училиште, во рок од шест месеци од денот на влегувањето во сила на овој закон, ја усогласува својата организација, работа, статут и другите акти со овој закон.
п.п.