МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Синоќа во ресторанот Ловец се одржа Едукативна трибина - Можности за искористување на средства од програмата ИПАРД за осовременување на земјоделските стопанства. Трибината се организира во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство. На трибината беа презентирани и објаснети можностите за аплицирање на земјоделците за поддршка на инвестиции во земјоделските стопанства преку ИПАРД Програмата. Исто така на трибината ќе бидат објавени резултатите од предходно одржаните натпревари за најдобар закројувач, најдобра домашна ракија и најдобро домашно вино.Во натпреварот за најдобар закројувач првите три места ги освоија:1. Коце Ќимов2. Драги Ефтимов и Зоран Димитриевиќ3. Петко Божинов.Во натпреварот за најдобра домашна ракија првите три места ги освоија:1. Николов Петре2. Димитар Симитчиев3. Лазар ЈанаќиевВо натпреварот за најдобро домашно вино првите три места ги освоија:1.Летка Лалевиќ Крстев2.Бранко Павлов3.Сашко КамчевНаградите на победниците ќе им бидат доделени на 14.02.2020 година по повод празникот Свети Трифун.

(п.п.)

84984851_1365417083662008_1334600077221560320_o