МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

“На 06.04.2020 година во просториите на општина Демир Капија беше одржан состанок на општинскиот штаб за заштита и спасување на кој беа разгледани актуелните и предложени нови мерки и активности за превенција и заштита од ширење на COVID-19 (корона вирус).

Во рамките на препораките од Министерството за здравство и мерките од Владата за заштита и превенција од корона вирусот на состанокот беа донесени следниве заклучоци:

-се задолжува ЈКП „Бошава“ да продолжи со редовно дезинфицирање на улици и јавни површини во Демир Капија и околните населени места

-останува на сила мерката за дезинфицирање на возилата на двата влеза во Демир Капија

-да се изготви правилник за времето и начинот на достава на стоки во продажните објекти

-да се изврши распределба на обезбедените пакети со храна и средства за хигиена кои се обезбедени како донација од страна на општествено одговорни фирми и општината, а се наменети за социјално ранливите категории на граѓани

-да се изврши распределба на заштитните визир маски кои беа изработени од страна на општина Демир Капија и ќе бидат поделени на вработените во институциите и продажните објекти кои со извршување на своите работни задачи се директн0 изложени на опасноста за пренесување на вирусот

- се упатува апел до сите граѓани да не ги напуштаат своите домови без потреба и да ги следат препораките од Министерството за здравство, бидејќи само така ќе го спречиме ширењето на овој вирус во нашата општина.“

П.Пашоев.