МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Здружението „Дечји Центар“-Зајечар, Р.Србјија, во соработка со ОЖ „Женско Лоби“-Демир Капија, РС Македонија, го реализира Еразмус + проектот "It`s your turn to change the world" (Ти си на ред да го промениш светот).

Целта на проектот е преку образование за активно зачувување на животната средина да се промовира рамнотежата помеѓу одржливиот развој, зачувувањето на биодиверзитетот, културните разноличности и социјалната положба на начин кој овозможува вклучување на припадници од маргинализираните групи и прашањата поврзани со родовата рамноправност. Промените во локалната средина можат да имаат поинакво влијание врз жените, децата и маргинализираните групи граѓани и да предизвикаат нивна ранливост во иднина.

Клучна активност на нашиот проект е младинската размена, која ќе се одржи во с.Иново, Стара Планина (Република Србија), во периодот од 19 до 28 јули 2020 г. На истата ќе бидат вклучени вкупно 40 учесници (20 од Р.Србија и 20 од Северна Македонија) кои за време на размената ќе имаат можност да проследат низа едукативни работилници и излети.

Како конкретни продукти на проектот и размената се предвидени изработка на два видео филма/ прилози- едениот поврзан со средбата со жителите на местата Раките и Топол Дол, села кои со својата енергија го разбудија најголемиот еколошки протест во Србија досега; другиот посветен на бенефитите од размената низ лични впечатоци и приказни за промените.

Во оваа прилика би сакале да упатиме јавен повик до сите млади кои сакаат да земат учество во овој проект, да се пријават преку online формуларот за аплицирање. Условот за учество на младите кои сакаат да бидат дел од оваа младинска размена е во моментот на реализација на истата да бидат на возраст од 15 до 25 години. Од учесниците/-чките ќе се очекува на умеат на најдобар можен начин да се претстават себе си и своите вештини. Сите трошоци позврзани со превозот, сместувањето и исхрана ќе бидат покриени од страна на организаторот Рокот за аплицирање трае до 15 јуни 2020 година.

Линк за online аплицирање:

https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=tY-evZQTkU2SZ3mXDHAr0IeQ2u8xuHZAoD0a2MamZHNUOFBSS1BJTVQ0QlM0Vk4zWlU3WExZVkhJSi4u