МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

До крајот на 2021 година треба да заврши изградбата на социјална зграда во Демир Капија за згрижување на 16 семејства. Деновиве министерот за транпосрт и врски Благој Бочварски го посети градитлипштео каде со неговиот домаќин градоначалникот на Демир Капија Лазар Петров извршија увид на рабнотите.На увидот беше и директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор . Се работи за зграда со 16 станбени единици. Градежните работи се одвиваат со одлична динамика и очекуваме објектот да биде изграден до крајот на 2021 година. -„Како министерството за транспорт и врски работиме на станбено обезбедување на социјлани семејства ширум државата. Оваа година имаме 100 % реализација на средствата предвидени од Буџетот на министерството.За следната година предвидуваме 134 милиони денари така што имаме значаен континуитет во реализација на овој проект.-Се посветуваме и на социјалниот апсект преку изградба на станбени згради со кои овозможуваме згрижување на најранливи категории на граѓани, на оние кои кров над глава им е најопходно,наведува Бочварски Инаку во тек е изградба на вкупно 579 социјални станови во Бутел, Виница, Неготино, Свети Николе, Пробиштип Гевгелија во Велес со што даваме силен придонес во станбената сигурност на граѓаните. 131928879_3487939547928540_2767791807497684268_n