МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Вчера -10.02.2021 година Советот на општина Демир Капија ја одржа 39 седница на која беа разгледани и усвоени 15 точки од дневниот ред.Седницата се одржа онлајн, преку интернет платформата „ Zoom“ заради безбедносни причини од корона вирусот. По усвојувањето на записникот од изминатата одржана седница се премина на првата точка од дневниот ред на која беше донесена Одлука за одобрување на Програмата за организирање на манифестацијата за денот на лозарите Св.Трифун, насловена како "Недела на традицијата Св.Трифун 2021" Демир Капија.За реализирање на Програмата се одобруваат финансиски средства во висина од 33.670 денари, кои средства ќе бидат исплатени од Буџетот на општина Демир Капија.По разгледувањето на втората точка од дневниот ред беше донесена Одлука за траен отпис на побарувања од евиденцијата во Општина Демир Капија. Со оваа Одлука, согласно евиденцијата од регистарот на базата на податоци во даночните обврски на Oпштина Демир Капија, се врши траен отпис на побарувања од даночни обврзници по основ на данок на имот од физички лица во вкупна вредност од 17.872,00 денари.Третата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена, а се однесуваше на донесување на одлука со која се врши отпис на застарени обврски кои Општина Демир Капија ги имала спрема други правни лица и се евидентирани во Буџетот на Општина Демир Капија. Се врши отпис на застарени обврски во вкупен износ од 688.590,00 денари утврдени по спецификација, која е составен дел на оваа одлука.

Отписот на застарените обврски се врши согласно Извештајот за извршениот попис на паричните средства, побарувањата и обврските во Буџетот на Општина Демир Капија, изготвен од Комисијата за вршење на попис на целокупните парични средства, побарувања и обврски за 2020 година формирана од Градоначалникот.По разгледувањето на четвртата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Демир Капија и Општина Струмица.Со донесување на оваа одлука на Општина Демир Капија и се овозможува услуги од внатрешен Ревизор од Општина Струмица за потребите на Општина Демир Капија.Потоа се премина на петата точка на која беше донесена Одлука за формирање на заедничка комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струмица и Општина Демир Капија.Шестата точка од дневниот ред по разгледувањето исто така беше усвоена а се однесуваше на донесување на Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намените на бесправно изградени објекти со намените на земјиштето кој треба да се вклопи со поединачните зони спофред намената на земјиштето и општиот режим на градење и употреба.

По разгледувањето на седмата точка од дневниот ред беше донесена Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичко-планска документација за објекти надвор од плански опфат so {to }e se izvr{i vklopuvawe na bespravniot objekt.Потоа се премина на осмата точка од дневниот ред на која беше усвоена програмата за работа на Советот на Општина Демир Капија за 2021 година.Деветата точка по разгледувањето беше усвоена, а се однесуваше на Програмата за еднакви можности на Општина Демир Капија за 2021 година.По разгледувањето на десетата точка од дневниот ред беше усвоена Програмата за дополнување на програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Демир Капија за 2021 година ("Службен гласник на Општина Демир Капија" бр.16/2020), во точка 2, графичкиот дел се дополнува со нов графички прилог со одбележани градежни парцели што ќе биде предмет на менаџирање и детален преглед на градежни парцели утврдени со Урбанистички план за село Корешница (ГП 4.18) и градежна парцела утврдена со ЛУПД за изградба на комунална супраструктура (фотоволтна централа) на КП бр.4510 КО Демир Капија.Потоа се премина на единаесетата точка на која беше усвоена Оперативната програма за одржување на јавно зеленило на територијата на Општина Демир Капија за 2021 година.Со оваа програма се планира начинот и динамиката на одржување на градското и вонградското зеленило, неговата обнова, со засадување на нови садници и подигање на нови зелени површини.Програмата е направена согласно законските прописи и подзаконските акти кои произлегуваат од „Законот за комунални дејности”, „Законот за локалната самоуправа”, „Законот за урбано зеленило” и „Правилникот за планирање, проектирање, подигање и одржување на зеленилото”, „Статутот на општина Демир Капија и други акти донесени од надлежни министерства и институции. Дванаесетата точка од дневниот ред откако беше разгледана беше донесено Решение за именување на членови на заедничката комисија за меѓуопштинска соработка помеѓу Општина Струмица и Општина Демир Капија.По разгледувањето на тринаесетата точка беше усвоен заклучок по извештајот за спроведени управни постапки за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на територијата на Општина Демир Капија.Се усвојува извештајот за спроведени управни постапки за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на територијата на Општина Демир Капија бр.04-112/2 од 03.02.2021 година доставен од страна на Секторот за урбанизам , комунални дејности и заштита на животната средина на Општина Демир Капија.Се задолжуваат Комисиите, формирани од Градоначалникот на Општина Демир Капија за утврдување на правен статус на бесправно изградените објекти на територијата на Општина Демир Капија, да постапат по доставените барања од имателите на бесправните објекти и доказите (кои ги предвидува законот) за приклучок на комунална инфраструктура или сметка за јавни услуги (струја, вода и тн.) а доколку бесправниот објект нема инфраструктурни приклучоци, изјавата заверена на нотар дадена под кривична и материјална одговорност со која барателот ќе потврди дека бесправно изградениот објект е изграден пред стапување во сила на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, со што барателите ја превземаат на сопствен товар одговорноста дека бесправно изградениот објект за кој е поднесено барањето е изграден пред стапување во сила на законот. Сателитските снимки не се докази кои што се бараат во управната постапка и да не се постапува по нив. Седницата заврши со усвојување на Полугодишниот извештај за работата и постигнатите резултати во првото полугодие од учебната 2020/2021 година на ООУ Димче А. Габерот Демир Капија и советнички прашања на кои одговор даде Лазар Петров-градоначалник на Општина Демир Капија.

П.П.