Голем интерес кај станарите на колективните згради за поставување енегетска ефикасност

Хабитат -Македонија во Кавадарци настапи резервирано во Општината пред неколку години кога прв пат се јавија со намера да им помогнат на граѓаните под поволни услови да им постават ПВЦ прозори и термо фасада.Тогаш не наидоа на поголем интерес кај .Сега состојбата е изменета .Интресот кај граѓаните е голем во толкава мера да мора да се почека за да стартуваат градежните работи.

Тие деновиве ја завшуваат градежната активност на втората зграда над Пензионерски дом. Следна ке биде зградата на Пензионерскиот дом, а потоа и таа подолу од неа. Најавена е заинтерираност за т.н. полициски згради после Јаворот и зградата кај старата Автобуска станица.Тоа значи ке биде целосно сменет надворешниот лик на урбаниот дел на градот во центарот што е добра работа за граѓаните, а станарите на зградите ке трошат помалку пари за греење и ладење.

Денеска работите ги надгледуваше градоначалникот Александар Панов, со претставникот на „Хабитат“ Живко Апостолски, а истовремено ученици од три средни училишта од Нови Сад,Винковци и Скопје изведуваа бесплатна волонтерска работа за градежни работи поврзани со енергетската ефикасност на објекти.

(видео изјави : Алексaндар Панов и Живко Апостолски )