Улицата „М.ХВ.Јасмин“-Пазарот зад Собранието

Почетокот на Црквинската улица (денес „Мито Хаџи Василев“), со дуќаните на Тодор Тентов, Илија Михов-Цапот, Цандо и Коцо Мукаетови, на браќата Илија и Тошо Кимови-Крпачеви и др. Фотографијата е од 1949 година, тогаш Кавадарци со струја се снабдува од дизел агрегат.

17879952_240620886405887_2821036207618543381_o.jpg

Пазарот во Кавадарци на локацијата од спротивната страна на Собранието на општината до куќата на д-р Киро Коцев-Брашното. Снимката е направена од Бранко Ивановски во 1958 година.

Од фототеката на Музеј-галеријата.