Кавадарчани загубија 2:0 во мечот со ФК Скопје

Педесет и седум минути им требаа на фудбалерите на третопласираниот тим на Скопје да го скршат отпорот на градскиот фудбалски клуб Тиквеш и да стигнат до победа во еден од двата последни натпревари од 21 коло од втората македонска фудбалска лига.

По 0-0 на полувреме, победата за домашниот тим ја најави Мартин Христов со гол во 57та минута, а ја потврди Ѓоко Алексовски 20 минути подоцна, поставувајќи го конечниот резултат, Скопје - Тиквеш 2-0.

Серијата на натпревари со најголемите претенденти за влез во првата македонска лига фудбалерите на градскиот фудбалски клуб Тиквеш ја завршуваат во сабота, со дуелот против лидерот на табелата, тимот на Академија Пандев. Натпреварот се игра на градскиот стадион во Кавадарци, со почеток од 16 часот.