МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Семинарот беше во организација на Македонското здружение за заштита при работа.

Станува збор за прва професионална невладина организација која делува во областа на безбедност и здравјето при работа педесетина години наназад. Семинарот е во рамките на годишната програма за обуки, во соработка со локалната канцеларија на државниот инспекторат за труд, а за практична примена на законската регулатива за безбедност и здравје при работа. Предавачи беа стручни лица по безбедност при работа од повеќе компании од Тиквешкиот регион , како и доктор по медицина на труд.-Основна цел е стручно усовршување и континуирана едукација на стручните лица по безбедност при работа, но и другите чинители кои делуваат во оваа област. Но тука сме и за споделување на искуства, добра пракса, се со цел унапредување на безбедноста и здравјето при работа, вели Андријана Зафировска .Таа информира дека според нивната евиденција, во 2016 година се регистрирани 19 смртни случаи и 94 повреди на работно место. Бројките, рече, се помали од 2015 година.-Меѓутоа, сеуште треба да се работи на поттикнување на свеста и значајноста на имплементација на законот за безбедност и здравје при работа, нагласи таа и додаде дека “работодавачите во последните години некако повеќе вложуваат во инвестирањето во однос на имплементација на законот”.Мико Василов, советник за инспекциски надзор, инспектор во државниот инспекторат за труд, подрачно одделение Кавадарци, информираше дека во Кавадарци и околината, во поново време се почитува законот за безбедност и здравје при работа.-Секојдневното контролирање во правните лица за утврдување на тие мерки за безбедност при работа, доведува да се намалат несреќите на работа. Според моите податоци, од претходната година смртните случаи нема. Оваа година имаше неколку потешки несреќи, меѓутоа се доста помалку за разлика од претходните години. Ние со нашите надзори постојано даваме препораки, совети, тоа е нашата превентива, да не доаѓа до несакани последици. Минатата година и оваа година досега, имаме драстично подобрување на мерките за безбедност и намалување на несреќите во нашиот регион, нагласи Василов.