Повредени нема, причините за пожарот непознати.

Се запали поткровје од куќа во Кавадарци, повредени нема. Како што информира командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци Илчо Богевски, изгорено е половина од поткровјето, заедно со кровната конструкција над него.-Се работи за индивидуиален станбен објект на кавадаречката улица “Задругарска”. На лице место интервениравме со две противпожарни возила и четворица пожарникари. На помош ни дојдоа и двајца пожарникари со едно противпожарно возило од компанијата “Кожувчанка”. Не дозволивме пламените јазици да зафатат поголема површина од објектот, вели Богевски.Засега не се познати причините за пожарот и висината на причинетата материјална штета.