МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Успешно претставување на кавадречкиот уметник на Факултетот за ликовни уметности во Скопје

Владимир Темков-Шефе во фоајето на Факултетот за ликовни уметности во Скопје собра професори од факултет, еминентни сликари,репрезентативни македонски имиња во ликовната уметност,музичари,негови пријатели ,кавадарчани кои живеат и работат во Скопје,искрени познавачи на неговата уметност.А поводот за ова собирање беше изложбата на Темков :„Потрага по смислата на ликовноста, во соочување со убавината на природата“ на која се претставени дела од неговиот магистарски труд изработени во акрил на платно. За неговото творештво писателот Тодор Богев во каталогот ке напише: „Неговото соочување со убавината на природата е проактивно,интуитивно,експресивно,од неговиот слики очигледно е дека природата во него ствара восхит,таа кај него разбудува душевни,состојби кои ескалираат во воодушевувањето, пред се од одредените конкретни убавини и аспекти на природата кои претходно ги наведов, кои како крајна фаза,експресионираат и се вообличуваат на ликовното платно и зборуваат неодминливото влијание кое природата го извршува врз нас лугето како душевни битија,кои неможеме рамнодушно да ја посматраме природата без да се поларизираме и воодушевуваме и соочиме со нејзините убавини„. За неговото творештво говореа ликовниот уметник о Кавадарци Горан Боев и претседателот на ДЛУМ Христијан СаневБоев се осврна на творештвото на Темков .„ Целиот концеп на изложбата ми се допаѓа, темата која е и магистерски труд,и токму потрагата по смислата на ликовноста е лајт мотив, односно задача на секој сликар.Кавадаречките уметници каде е и Темков имаат специфичен естетски код, кој се гледа во палетата на боите кои се користат„-,нагласи Боев. Претседателот на ДЛУМ Кристијан Санев призна дека Темков успеал да ги обедини многу уметници на ова изложба.„Темков дава една нова ликовна сила.Тој успева да ја пласира локовната уметност кај сите нас ,особено меѓу младите и со својата добра енергија да влијае позитивно“,рече тој.Актерот Петар Темелковски пак вниманието во сврте со ситихови посветени на Македонија и патриотизмот.

Инаку, Темков во изјавата на медиумите нагласи дека со овој опус кој го ствара чуствува состојба на зрелост која ја постигнува после многу години работа и стварање на ликовни дела.Но таа зрелост во неговата работа воопшто не значи задоволување и запирање во трагањето по непознатото.Напротив тој допрва ке ја бара кулминацијата која ,барем кај уметниците никогаш не завршува. Можеби таа е главниот инспиративен сегмент кој ги раѓа убавите дела кај него и останатите уметници.Владимир Темков на изложбата во Скопје презентира 6 платна 200 х 200 кои се труд на неговиот опус за здобивање на звањето магистер на ликовни науки-кое синоќа и официјално го има, и 34 придружни слики кои се составен дел на овој опус. Владимир Темков е роден во 1959 година во Кавадарци. Во Скопје завршил Средно уметничко училиште, Педагошка академија и Факултет за ликовни уметности, каде и магистрирал. Живее и работи во Кавадарци. Досега имал голем број самостојни и групни изложби. Учествувал на многу меѓународни колонии, во државата и во странство и остварил неколку студиски престои во станство.

(видео прилог)