МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

АлШар доживеа целосен успех – најдобар настан кај нас 2017 година.

На 11 јуни кога беше централниот фестивалски ден,претпладне врнеше, на пладне престана и се така.Но тоа не ги спречи оние кои наумија да го поминат денот на АлШар.Планинарите и љубителите на пешачењето иако по тешки услови (вода и кал) ја поминаа и малата и долгата патека (50 км).Македонската автомобилски ас, Игор Иџе Стефановски го прогласи фестивалот за отворен, за веднаш потоа да започнаа големата велосипедска, средната и малата велосипедска тура,(долги како и стартот на планинско маратонското трчање со Меридијан Атлетик клуб.Доктори,продавачи,директори,работници,монтери,ученици,менаџери,бравари,келнери...сите беа тргнаа на планинарско возење велосипед.И на патеката нема фукција , сите се исти.И како ретко ,барем во ова време, ја почувствувавме целата енергија на овие современи витези.Испотени,задишани,насмеани,а сепак исполнети со добра мисла.Во населбата каде беа сместени учесниците на АлШар, по два дена дожд со прекини, два дена се забавуваа другаруваа,ги посетуваа природните убавини на Кожув.Се пееше и играше народно, Ди-џеите пуштаа техно музика, а РТК.МК успешно го промовираше проектот „Лакардиите на Паја“ кој многумина ке донесе ведрина со кавадаречкиот хумор.Последниот финален ден сепак беше мерило за целиот настан:Дојдоа и млади и стари, професионалци и аматери, сите со една мисла да бидат дел од АлШар.Меѓу нив беа ракометниот шампион Петар Ангеловски.Сите што беа во неделата на АлШар беа среќни поради тоа.Им го видовме тоа на сите во очите.Затоа сите сакаа да го допрат сонцето кое се криеше зад облаците на Кожув.Приказната не се раскажува таа мора да се доживее.Златниот велоспед и другите награди кои беа доделени предизвикаа радост кај добитниците, остнатите повеке среќа ке имаат в година.Тиквешки точакџии беа одличен организатор.

Тие им изразуваат благодарност на спонзорите и помагателите:Компанијата Кожувчанка,Локалната самоуправа Кавадарци,Инел-Интернационал,Дрекслмајер,Витаминка,Слога,Техногума,Еуросиг,Ангропромет-Тиквешанка,ВС-ГД,Фукс, и други

По дожд,кал,вода, асфалт,сонце и дожд... и секако на жителите на село Мрежико.АлШар доживеа целосен успех – најдобар настан кај нас 2017 година.