МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Од денеска до сабота, градската библиотеката "Фекин" е домаќин на традиционалниот, осмиот по ред Саем на книгата, кој и годинава е во рамките на манифестацијата "Кавадаречка културна есен".

Директорката на библиотеката "Феткин", Трајанка Атанасова на отварањето на ова саемска манифестација рече дека на годинашниот саем се претставаат пет домашни издавачки куќи и тоа "Култура", "Три", "Ѓурѓа", "Матица Македонска" и "Просветно дело". Вообичаено и оваа година саемот ќе понуди голем број на книги по саемски цени".- Се работи за редовна програмска активност со која Библиотеката во Кавадарци ја остварува визијата и мисијата како културно информативен центар во кој се добива првата информација, место каде се остваруваат културните потреби и желби на граѓаните, рече таа.- Книгата ја има моќта на бришење на разликите меѓу културите, таа е мост меѓу цивилизациите, вредност чие значење не се намалува , туку напротив станува најзначајна духовна храна без која ние не можеме и без која нема иднина, рече .Разноликоста од книги е нашето заедничко богатство, книгата е најдобриот изум откриен до денес, изум за размена на информации надвор од просторот и времето.Затоа ова недела, и не само ова недела, да другаруваме со книгата како наш најдобар пријател, нагласи директорката Атанасова.На отврањето беа присутни претставници на локалната власт, градоначалникот Панов, советници, јавни личности од културата образованието, стoпанството, љубители на книгата.Саемот на книгата е во организација на Градоначалникот, Советот на Општината и Библиотеката "Феткин" а ке биде отворен секој ден од 9 до 20 часот до 31 октомври.