Во рамки на планираните годишни активности општинската организација на Црвениот крст од Кавадарци,денеска се спроведе втората летна крводарителска акција во Кавадарци.
Својата хуманост ја покажаа повекемина кавадарчани-главно повеќекратни дарители, но имаше и такви кои прв пат даруваат крв.
Владислав Лалков - 39 пати досега дал крв. Се чувствува одлично осбено кога дава крв.„Ништо не страшно,вели тој, напротив со редовното крводарување дури му е и подобро.Затоа денеска дојдов да подарам некому крв, вели Лалков. Хуман човек е и неговата ведрина се гледат од далеку.
Акцијата се одржа во прoсториите на кавадаречкиот црвен крст, а траеше од 9 до 14 часот. Во рамки на оваа акција бесплатно беше организирано мерење на шеќер и масти во крвта.Резултатите крводарителите ке ги добијат за неколку дена.
Jа спроведе Институтот за транфузиона медицина од Скопје во соработка со општинскиот Црвен крст на Кавадрци а се вклучија и подмладкарите на ова организација од Кавадарци. Д-р Бојан Тодоровски од Инситутот за трансфузиона медицина вели дека кавадарчани се добри крводарители и се задоволни од одзивот.Денека очекуваат 30-сетина крвни единци, што за лето е добар просек.
Според досегашните реализирани крводарителски акции се повеќе се буди свеста кај граѓаните за хуманост и солидарност. Крводарителски акции, се организираат еднаш до два пати месечно преку цела година во институциите, училиштата, особено во летен период, но има и такви дарители кои даруват крв и надвор од организираните акции. Соработката со трансфузиолозите и центрите за трансфузија е на високо ниво. Редовно има акции за крводарување и никогаш не дојде до недостаток на крв и во состојба за ургентно дарување, велат од ОО Црвен Крст Кавадарци.