Вчера Советот на Општина Кавадарци распраше за кварталниот извештај за извршувањето на буџетот за вториот квартал од годината и по ребалансот.

Истиот беше изгласан со 10 гласа „за“, 5 „против“ еден „воздржан“.Во расправата негативно по него се произнесе опозицијата наведувајќи дека истиот е исполнителен само кај ставката -плати за вработените во општинската администрација а капиталните расходи се на ниско ниво. Буџетот,наведе опозицијата се реализирал само 14 насто.Во своите дискусии од советничката група на СДСМ дискутираа Зоран Бањански,Сашко Петров,Милица Андова. Сoветникот од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Јованчев ги наведе изградените проекти и и порача на владата на СДСМ да се занимава со проблемите на земјоделците. На ова реплицираше Сашко Петров.Градоначалникот Александар Панов наведе дека се додека општините не добијат финансиска децентрализација буџетските планирања ќе бидат вакви.Иако планираниот ребаланс од еден милион евра е нереален,тој очекува на крајот на годината буџетот да се реализира 80%.“Не е ова буџет за избори, туку буџет за потребите на граѓаните“ подвлече Панов.На седницата Советот донесе одлуки поврзани со урбанистичко планска документација и за распределување на финансиски средства од буџетот.За Програмата на Тиквешкиот гроздобер не се донесе никаква одлука.За ова манифестација ке се расправа на наредно заседание на Советот закажано за 27 јули, бидејќи советниците од СДСМ побараа Програмата да биде образложено од претставници на организаторот.Градоначалникот-Панов, ги повика кавадарчани кои имаат идеи и предлози за Тиквешкиот Гроздобер да се сретнат со него и да се разговара за тоа.