МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Обновени се кошевите kaj спортските терени кои се во склоп на спортската сала "Јасмин"

За ова денеска дознаваме од Фејсбук од директорот Сашо Атанасов кој постираше фотографии од новите кошеви.Благодарение на издвоените сопствени финансиски средства на спортскиот комплекс, кошевите се повторно во функција за сите спортисти и рекреативци.

Колку за потсетување најмалку три пати годишно несовесни наши сограѓани ги кршат .Се надеваме дека во иднина кавадарчани многу подомаќински ќе се однесуваат кон кошевите, благодарение на кои се откриени бројни нови таленти во градот, а многумина имаат каде, паметно да поминат дел од слободното време.