МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Oва фирма и годинава врши откуп и пласман на трпезно грозје кое го пласира на пазарите во Србија и други земји.

Кавадаречката компанија „Пеца Комерц„ и годинава ги отвори вратите за откуп на трпезни сорти на грозје.Сопственикот и директор на претпријатието Блашко Темов вели дека родот на трпезните сосрти ова година потфрли како резултат на двете измрнувања на лозјата во месеците јануари и април.Површините кои останаа за берба, го дадоа максимумот, но севкупно тој е намален за над 50 насто ако споредуваме со лани.

-Точно е тоа, и ние го чувствуваме на понудените количини за откуп, вели Менча Маркова, одговорна за спроведувањето на откупот во „Пеца Комерц„. „Јас би рекла дека за разлика од минатата година и годините наназад, родот е намален со голем процент .Квалитетот на грозјето е добар, но и тоа зависи од примената на сите потребни земјоделски операции а пред се наводнувањето кај сортите: Кардинал,Рибиер,Викторија,Стршински,Мишел Палиер и другите трпезни сорти.

„Пеца Комерц“ во овој прв откупен бран во своите ладилнички капацитети ги прибра и складира главно понудените количини Кардинал и Викторија, а од наредната недела се стартува со Мишел Палиер и Рибиер, две веќе одомаќени сорти кои се бараат на пазарите надвор од земајата, сорти кои трпат транспорт и спаѓаат во рамките на сортиментот на грозје кое не е многу благо и е добро за конумација.

-„За Кардиналот и Викторијата откупната цена која „Пеца Комерц“ ја прифаќа е 25 денари, што сметаме е коректен износ за оние кои ке решат да донесат кај нас, а исплатата е за 10 до 14 дена на трансакционите сметки на лозарите, што е пракса која ја применуваме повеке години наназад.Имаме наши кооперанти, чиј квалитет на грозјето и лично го следат наши агрономи.Во моментов освен во Тиквешкиот регион откупуваме трпезно грозје и во Гевгелискиот и Валандовскиот регион“,вели Маркова.

Откупот во „Пеца Комерц“ според планирањата ке трае се додека има грозје на лозовит плантажи за консумација –до крајот на месец септември.