МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Пожарот избувнал ноќеска во Кавадарци,кога е изграснат.Повредени нема.

Пожар избувнал изминатава ноќ околу полноќ во стан во новиот центар на Кавадарци. За среќа, повредени нема. Командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци Илчо Богевски утрово информираше дека на лице место интервенирале со две противпожарни возила и тројца пожарникари.

-Успеавме да не дозволиме пожарот да се прошири и на останатите станови од колективната станбена зграда, рече тој.

Апелираше да се внимава кога на еден штекер се приклучуваат повеќе електрични апарати.

Дополнително ќе се знаат причините за пожарот и висината на материјалната штета во станот.