Работите на новата фискултурна сала како подизвдедувач на „Машиникоп„ ги изведува кавадаречката компанија ГП„Планум„.Во тек се земјените работи по што следува бетонирање и изведба на металната конструкција.

Учениците за кои се изведува настава во ООУ„Тоде Хаџи Тефов„ од наредната учебна година ке имаат нова спортска сала и предметот физичко воспитување ке го изведуват во функционален затворен простор-Спортска сала.Ова денеска го потврдија градоначалникот Александар Панов ,директорот на училиштето Никола Нешковски, како и претставникот на „Планум“-Кавадарци-Диме Чулев-фирмата која како подизведувач на земјените и бетонските работи на Машиникооп, моментално ја изведува изградбата на објектот.