17 ентузијасти на возраст од 18 до 30 години ќе го промовираат својот лидерски потенцијал и ќе работат кон остварување на нивната мисија за служење кон заедницата.

Поведени од желбата за давање свој придонес кон подобрување на квалитетот на животот во својата заедница Ротари клубот од Кавадарци под своја закрила го формираше првиот Ротаракт клуб Кавадарци. 17 ентузијасти на возраст од 18 до 30 години ќе го промовираат својот лидерски потенцијал и ќе работат кон остварување на нивната мисија за служење кон заедницата, секогаш ќе бидат подготвени да помогнат на оние на кои помошта им е најпотребна. Со Чартер забава на која се изврши и официјалниот прием на членови на ротаракт клуб Кавадарци, од тој момент клубот стана дел од глобалните напори за мир и меѓународно разбирање во светот.

Ротаракт клубовите претставуваат спонзорирани и менторирани клубови од страна на Ротари. Тие ја нагласуваат важноста на индивидуалната одговорност како основа за личен успех и вклученост во општеството. За успешноста на Ротаракт зборува фактот што денес во рамки на Ротари движењето постојат околу 9500 клубови со над 290.000 членови. Претседателката на Ротари за ротаријанската 2017/18 година Зорица Ставрова на сите ротаракторци им посака успех кон остварувањето на нивната цел.

На свеченоста присуствуваа бордот и членови на Ротари Клубот од Кавадарци, претставници од сојузот на Ротари Клубови на Македонија , бордот и членовите на Ротари и Ротаракт Клубови од Велес, Штип, Неготино, Кочани-Виница, Куманово, Прилеп и Скопје-Ценатр. На чартерувањето на Ротаракт клубот Кавадарци на сите членови им беа доделени Ротари значки, а на чартер претседателот му беше доделена свечена Инсигнија.

Да се биде дел од Ротаракт клуб значи да се има желба да се занимава со волонтерска работа и учество на хуманитарни настани за подобро општество. Инаку Бордот на Ротари интернешанл вложувајќи во својата иднина во 1968 година го креирал Ротаракт. Првиот Ротаракт клуб е чартеруван при Роатри клубот Шарлот Норт во Шарлота Северна Каролина.