Со студиото ке работи Диме Коцевски-етаблиран театарски уметник-артист кој последниве години е лидер во театарската уметност кај нас.

Се работи за Првото драмско студио кај нас во кое ке можат своите првио чекори во глумата да ги учат непосредно со иструкции од праксата.Ке се работи со кандидати,деца и млади од 10 до 18 години, а со нив ке работи Диме Коцевски актер и режисер во Театарот при Домот на Културата„Иван Мазов Климе“.Се работи за талентиран и искусен татарски уметник , добро познат на културната јавност кај нас.Последниве години познат е по одличните настапи во комедии на сцената во Домот на Културата во Кавадарци( последна е Стјуардеси) и неколку самостојни , ТВ и филмски проекти кои јавноста ги прими одлично.

23666704_10210323922764585_760132205_n.jpg

Што се однесува за заинтересираните за првото детско и младинско драмско студио пријавување за аудиција треба да се најави на телефонот 078 327 033 или на email dimekocevski1@yahoo.com

Пријавувањето ќе трае до 1 декември, а апликантите треба да ги остават следните информации: име и презиме, возраст и телефон за контакт.