МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Одбележана Годишнината од формирањето на 2 Македонска ударна бригада

На овој ден-1943 година со одлука на ГШ на НОВ и ПО на Македонија во Фуштани Егејска Македонија од баталјоните “Страшо Пинџур“, “Вториот баталјон на третата оперативна зона“ и еден бугарски одред е формирана Втората македонска ударна бригада. Со наредбата е формиран и штаб на бригадата: за командант е избран Диме Туриманџовски Горски, зам. командант Лазар Калајџијски Добри, полит. комесар Трифун Трифунов Балкански и за. Полит. комесар Мито Хаџи Василев Јасмин. За своите заслуги во борбата против фашистичкиот окупатор (води повеќе од 200 успешни борби), бригадата е одликувана со Орден заслуги за народ со златна ѕвезда и Орден братство и единство со златна ѕвезда.

Пред биста на Д.Туримамнџовски -Горски-во Паркот на револуцијата кај Полицијата -беа положени свежи цвеќиња од делегација на СЗБ Кавадарци, СЗБ од Неготино,Општина Кавадарци и Советот на Општина Кавадарци.За чинит на формирањето на ова ворна единица зборуваше Петре Камчевски-директор на Музеј Галеријата Кавадарци.