МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

Овој празник нѐ потсетува да се подготвиме, да направиме место во нашите срца

„Почитувани сограѓани,

Општинската Организација на СДСМ од Кавадарци ви ги честита Божиќните празници!

Славењето на овој ден не е само спомен на историскиот настан, туку е повик Христос да се роди внатре во нас и од нас да направи подобри луѓе. Срцето на човекот е најсоодветното место за тоа.

Овој празник нѐ потсетува да се подготвиме, да направиме место во нашите срца, да го исполниме со радост и љубов, зашто радоста е темел на духовниот живот.

Честито Рождество Христово. Христос се роди!

Со Почит, Горан Тодоров (претседател на ОО СДСМ Кавадарци)„.