Хотел “Југославија“ на Петре Камчев-Американецот се наоѓаше во центарот на Кавадарци

Локацијата му била-кај денешната пошта и дел од улицата Илинденска. Имаше 8 соби, од кои еден апартман со тераса. Во приземјето имаше кафана и аптека на Бошко Марковиќ во која како аптекарски помошник работеше Васил Хаџи Манов. Хотелот е изграден во 1925 година, национализиран во 1949 година, а срушен во 1957 година. Дедо ми беше оквалификуван како предвоен капиталист и покрај сознанието дека сите пари ги имаше заработено во Америка од 1908 до 1920 година. Правдата иако симболично, беше задоволена , во 2006 година со Законот за денационализација, ама дедо ми веќе не беше жив.

Архива-Музеј Галерија

Петре Камчевски