МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Стартот на производствто се очекува за две до три недели

Одборот на доверители на „Фени“ во стечај склучи договор со друштвото GSOL за преработка на никелова руда за месечен надомест од 1.200.000 евра. Фабриката ќе почне со работа за две до три недели откако ќе заврши набавката на руда.

Одборот на доверители одлуката ја донел едногласно на 30 јануари со цел производствените капацитети, кои влегуваат во стечајната маса, да ги заштити од натамошно пропаѓање и намалување на нивната вредност.

Од GSOL најавуваат дека ќе влезат во фабриката следната недела, а со производство ќе почнат за две до три недели, време кое им било потребно за набавка на руда. Сите вработени остануваат на работа, а средствата од 1,2 милион евра се наменети за плати и трошоци за фабриката.

Во исто време со рестартирањето на фабриката ќе тече и стечајната постапка. Следното рочиште е закажано за в среда во судот во Велес.

Стечајната постапката продолжува откако Апелацискиот суд во Скопје ја отфрли жалбата на „Кунико рисорсис“, досегашниот сопственик на „Фени“, кои сметаа дека не се исполнети условите за стечај на фабриката.

Преземено од „Денар„