МиКомерц
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(470x90)

Советот на Општина Кавадарци усвои Програмата за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот

Граѓаните можат да здивнат.Локалната власт и Советот донесоа Програма по која ке се врши заловување и хуман третман на кучуњата скитници и други кучиња .Тие последниве две години, а посебно лани(2017 година)беа проблем за граѓаните.Бележиме и неколку напади врз недолжни граѓани.

Програмата за заштита и благосостојба на животните – третман на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственикот, е во согласност со Законот за заштита и благосостојба на животните.За заштита на населението од опасности кои животните предмет на оваа програма, можат да ги предизвикаат, а посебно заради обезбедување на елементарна заштита и благосостојба на животните, општината е задолжена да применува мерки за заштита и третман на бездомни кучиња.

Постапката вклучува : Собирање на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственик, и привремено сместување во прифатилишта;Заловување на бездомни кучиња од страна на квалификувани лица;Третман на заловените бездомни кучиња (кастрација, здравствено третирање, социјализација, обележување со микрочип, враќање во регион);Контрола на популацијата на бездомни кучиња;

Општите мерки ги организира ЈП Комуналец и се спроведуваат во соработка со останатите надлежни институции и регистрирани субјекти овластени за вршење на дејност – прифатилишта.

Посебна мерка за заштита на населението и третман на бездомни улични кучиња е хуманата еутаназија на бездомните кучиња, во случај на појава на заразна болест.

Општите мерки и активности ги организира и следи Општина Кавадарци, во соработка со ЈП Комуналец-Кавадарци а ќе се спроведат следните општи мерки:Редовна годишна вакцинација и третман за заштита од штетници, на кучињата во сопственост на општина Кавадарци;Собирање на бездомни кучиња, односно нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површини без присуство на сопственик, и привремено сместување во прифатилишта;Заловување на бездомни кучиња од страна на квалификувани лица;Третман на заловените бездомни кучиња (кастрација, здравствено третирање, социјализација, обележување со микрочип, враќање во регион) и контрола на популацијата на бездомни кучиња;

ЈП Комуналец и во 2019 година ќе продолжи да се грижи за заштита и благосостојба на животните, со правилен третман на бездомните кучиња, согласно закон и Годишна програма. Комуналната редарска служба ќе продолжи да врши контрола на терен за спроведување на обврските на граѓаните согласно Одлуката за комунален ред за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Кавадарци. Општина Кавадарци во соработка со локалните образовни и социјални институции ќе ги запознава најмладите категории на граѓани со етичките и законски обврски на сопствениците на миленици, преку едукативни предавања.

Контролата на квалитетот и исправноста во извршување на обврските на општина Кавадарци, согласно Закон за заштита и благосостојба на животните и Годишната програма, ќе ја вршат надлежни органи, Агенција за храна и ветеринарство на РМ, Сектор за инспекциски надзор.

Активностите утврдени со оваа програма ќе се реализираат со средства од Буџетот на општина Кавадарци за 2018 година, во вредност од 300.000 денари.

Сите известувања и информирања на граѓаните ќе се врши преку соопштенија истакнати на јавни места, ВЕБ страната на општината, соработка на општината со локалните надлежни органи: полиција, противпожарна служба, здравствен центар, здружение на пчелари итн, за точниот термин на акцијата и начинот на изведување на третманот.

Oдлуката за ова програма ја донесоа советниците на последната -6-та седница на Советот.