МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

фото Архива

При изведба на градежни работи на гасоводот Л.М. паднал во отворениот канал кој имал вода.Д.Р. скокнал и успеале двајцата да се спасат.

На ден 06.02.2018 год. лицата Л.М.(59) од Неготино и Д.Р.(23) од Прилеп, кои како вработени во градежното претпријатие „Гранит“ Скопје, вршеле трасирање на гасоводот во атарот на с. Шивец, во близина на топилница „Фени индустри“, при што, Л.М. паднал во водите на отворениот канал за наводнување и почнал да се дави. Во водите скокнал Д.Р. за да го спаси и по дваесетминутна борба со водата двајцата успеале да излезат од каналот.

Луѓето се пренесени во ЈЗУ Општа болница Кавадарци, каде Л.М. е донесен во тешка општа состојба и по укажаната медицинска помош е задржан на лекување, додека по извршениот лекарски преглед Д.Р. е пуштен на домашно лекување.