МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА
(770x120)

НА ПАТОТ Д.КАПИЈА-НЕГОТИНО ЗАГИНА КОСТА С. ОД КАВАДАРЦИ.ИСТРАГАТА КЕ ГИ ПОКАЖЕ ПРИЧИНИТЕ ЗА СМРТТА НА ОВОЈ МЛАД ЧОВЕК

Денеска во 05.30 часот во Полициска станица Неготино пријавено е дека на автопатот А-1 Гевгелија-Скопје во близина на м.в. ‘‘Прждевски Лаки‘‘ пронајдено е починато лице.

Излезено е на лице место, извршен е увид, констатирано е дека починатото лице е Коста С. (1991) од Кавадарци, кој на 21.08.2016 година е пријавено како исчезнато. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот ќе биде пренесено во Институтот за судска медицина заради вршење обдукција„ .

Ова е содржано во официјалното соопштение кое до нас го достави портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска , а по повод овој трагичен настан кој ја потресе Македонија и Кавадарци каде живее Коста.