Секој ден по еден пожар на оџак во Кавадарци, тоа ни се случува еве веќе десетина дена, алармира командирoт на кавадаречката Територијална противпожарна единица.

Последниот пожар бил синоќа околу 22 часот и настанал поради неправилно изведен оџак.

-Сите четири дрвени греди од кровот на куќата, беа завлезени во оџакот. Се чудиме како е можно воопшто да не се размислува за потенцијалната опасност од пожар во таков случај. Впрочем, во најголем дел од пожарите кои почнуваат кај оџаците, се токму поради невнимателната изведба на димните канали. Затоа апелираме до населението, да се внимава, во близина на оџаците да нема дрвени греди или регали и плакари, дециден е Богевски, кој открива дека само навременото забележување на пожарот од страна на соседите, во неговата почетна фаза, било пресудно тој да не се прошири и да нема поголема штета.

29134227_923402284494226_1745826984_n.jpg

Toj потсетува дека освен поради неправилна изведба, пожари се јавуваат и кај оџаци кои не се чистат редовно. Апелира на редовно чистење на димните канали како превентива. Нагласува дека и покрај навидум топлите временски услови, неопходна е внимателност, бидејќи пожарите демнат. Додава дека за сите нејаснотии, секој може слободно да се обрати и побара помош и совет во нивната противпожарна единица или на бројот 193 кој е бесплатен.