За реновирање на асвалтната подлога општината ќе инвестира 859.000 денари, пари од сметката на буџетот наменети за комунална изградба

Според програмата за комунална изградба, Општина Кавадарци преку фирмата „Инвест груп“ и ЈП„Комуналец“ започна со обновување на улицата „4 Јули“, каде според проектот за реконструкција се работи на две позиции.

ЈП „Комуналец“ ќе изврши комплетна замена на старата бетонска канализациа со профил фи150мм, со нова ребраста цевка чии профил изнесува фи 250мм.

Ќе бидат обновени вкупно100 метри со 12 пропратни приклучоци.

По завршувањето на реконструкцијата на канализација, ќе се пристапи кон целосна замена на стариот асвалт.

Оперативата на фирмата „Инвест груп“ ќе постави нова асвалтна подлога на вкупна површина од 1200м2, со дебелина од 5 сантиметри.

Новиот асвалт ќе се постави на потегот од спојот наулица „4 Јули“ со улицата „Илинденска“ до спојот со улицата „Љубашка“.

За реновирање на асвалтната подлога општината ќе инвестира 859.000 денари, пари од сметката на буџетот наменети за комунална изградба .