Смокот го фатиле пожарникарите и го однеле надвор од градот .Инаку тој е фатен на пријава од граѓанин во строгиот центар на Кавадарци.

Информацијата ја потврдија од кавадаречката Територијална противпожарна единица. Оттаму велат дека покрај гаснење на пожари, спасување при сообраќајки, достава на вода со цистерни, им се случуваат и вакви несекојдневни повици за помош. Притоа потсетија дека имаат вадено баба која паднала во бунар, а се имаат и со скала качувано во стан од висока зграда, за преку отворена тераса да помогнат на сопственик чие дете се заклучило во станот и заспало.

-Мораме да нагласиме дека според нас, змиите и смоковите не напаѓаат ако не се загрозени. Затоа смокот не го утепавме, туку со пожарникарското возило го однесовме надвор од градот и го пуштивме, децидни се од противпожарната единица.