На пет дена од стартот на „Алшар 2018“„-за прв пат кај нас се поставени сервисни станици за велоспеди

Благодарение на компанијата Метал Апостолов беа изготвени сервисни станици за велосипеди, кои се донирани на Здужението Тиквешки Точакџии, и кои се поставени на три локации по должина на патеките на Тура АлШар и тоа: на стартно-целната рамнина, во с.Мајден и на Трибор, со кои ќе можат да се служат сите учесници на настанот АлШар.

Сервисните станици после настанот како заедничка донација на Метал Апостолов и Тиквешки Точакџии ќе се донираат на Општина Кавадарци / Municipality of Kavadarci и ќе се постават на локации во и околу Кавадарци, и ќе може да се користат од страна на велосипедистите во текот на целата година.

(извор „Тиквешки точакџии“)